На листата и Македонија: Грција ја продолжи одлуката за забрана за влез на државјани на трети земји до 8 февруари

Фото;. mia.mk

Од денеска стапува во сила новата, продолжена, одлука на грчката Влада за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Северна Македонија и со Албанија, што важи до 8 февруари во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за одлука за ограничување на ширењето на коровирусот со „воведување на мерки за привремено ограничување на копнените, на воздушните и на морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската Унија и Шенген зоната”, која се продолжува од средината на март минатата година, а последното продолжување беше од 8 јануари заклучно со вчера.

Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патни и железнички) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови”.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест за ковид-19, направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Исклучок, како и досега се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, а овој пат, на листата се вклучени и државјаните на Русија и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот