НА ЛИЦЕ МЕСТО ОД КИЕВ | Атовска: Киев цела ноќ и цел ден е под сирени, но сепак се чувствуваме малку побезбедно

Кристина Атовска, специјален известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ / Утрински брифинг

Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска и денеска е во Киев и јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската армија.

-Киев цела ноќ и цел ден е под сирени, но сепак се чувствуваме малку побезбедно. Од киевската администрација информираа дека ноќта помина мирно, вели таа.

-Она што можам да го кажам дека два дена се тресе тлото под нозете, се слушаат звуци кои наликуваат на грмотевици, а чувството под нозете е како да се наоѓате на трусно подрачје. Но тоа не е така затоа што Русите бомбардираат наоколу. Ако се наоѓате во центарот на градот, тогаш војниците ви пристапуваат и ви велат дека тоа е украинската против воздушна одбрана, вели Атовска.

Проследете го денешниот извештај во видеото

-Веќе и граѓаните се навикнаа да ги слушаат овие звуци. Киевската администрација ги потсетува луѓето да не ги напуштаат своите домови ако за тоа немаат потреба, од друга страна ги повикуваат бизнисите во оние безбедни делови на Киев, да се вратат на работа, да ја поддржат економијата. Дел од ресторанчињата, веќе почнуваат да отвораат. Граѓаните се известени што и каде работи. Можам да кажам дека властите се трудат да го вратат животот во нормала, известува Кристина Атовска од Киев.

Проследете ја целата репортажа во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот