На крводарителска акција во Крива Паланка собрани 60 единици крв

Фотографија: Profimedia

На денешната крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 60 единици крв. Акцијата ја организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а се одржа во просториите на спортската сала „Партизан”.

-И оваа крводарителска акција како и изминатите пет реализирани во време на пандемијата со Ковид-19 се спроведе со целосно почитување  на протоколите на Институтот за трансфузија, Црвен крст на Република Северна Македонија и одлуките на Министерство за здравство и Владата. Пријавувањето за дарување на акцијата се вршеше во текот на изминатите денови и денес,  исклучиво на посебен  телефонски број и на  социјалните мрежи на профилот на Црвениот крст Крива Паланка,со што пријавените добија термин и време за дарување, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка. Тој упати благодарност до сите хумани граѓани кои учествуваа во акцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот