На крузерот „Дајмонд принцес“ има и Словенци заразени од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Министерството за надворешни работи на Словенија потврди дека меѓу заразените патници со коронавирусот на крузерот „Дајмонд принцес“ има и словенечки државјани.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, од шестте Словенци кои беа на бродот, двајца се заразени, двајца се здрави, а за две лица се уште се чекаат резултатите. Заразените се веќе во болница каде им се укажува соодветна медицинска помош.

Во меѓувреме се прават последните подготовки за враќањето на словенечките граѓани назад во земјата. Властите соопштија дека во текот на денот детално ќе информираат кога и како ќе се спроведе враќањето на лицата кои со недели беа во карантин на крузерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот