На Криволак уништени артилериски зрна, мини, рачни и авио бомби

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) деновиве по стандардно оперативни процедури изврши уништување на неексплодирани убојни средства на воениот полигон Криволак.

Како што информираат од ДЗС, уништувањето е извршено според годишниот план на 9, 14 и 28 јули од страна на пиротехничарите при што се уништени 1.150 парчиња неексплодирани убојни средства од разни калибри на артилериски зрна, рачни бомби, авио бомби и мини.

Уништените убојни средства се пронајдени во период од две години на територијата на државава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот