На кралицата во карантин најмногу и недостасува јавањето: Сега има ново хоби

Profimedia

Кралицата Елизабета Втора сè уште е во изолација во дворецот Виндзот со нејзиниот сопруг, принцот Филип. Таму се од средината на март.

Поради мерките за претпазливост, можат да им се придружат само неколку од нивните вработени, а својот персонал кралицата го свела на минимум. Времето го поминува читајќи весници и разговарајќи со остатокот од семејството преку видеоповици. Ретко излегува надвор.

Нејзиниот градинар Грахам Стоун рекол дека кралицата е воодушевена од птиците за кои се грижи додека е во изолација.

„Знам дека сака да ги гледа кај Виндзор“, рекол градинарот и додал дека во една прилика кралицата спасила птица, на која ногата и се заглавила на жица. Елизабета го видела тоа и го викнала градинарот да и помогне.

Најмногу и недостасува јавањето, но сепак наоѓа начини како да го пополни времето.

„Не им кажувајте на децата, ама јас и Филип всушност ги продолживме празниците. Моите деца имаат многу сила, не знам како“, рече Елизабета неодамна за Би-би-си.

Остатокот од кралското семејство исто така е во самоизолација. Принцот Чарлс е во Шкотска со сопругата Камила, а сите кралски должности во моментов ги извршува принцот Вилијам.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот