На кралицата Елизабета само еден човек смеел да ѝ се обрати по име - Слободен печат
ЗабаваМагазин

На кралицата Елизабета само еден човек смеел да ѝ се обрати по име

Односот меѓу него и кралицата се сметал за необичен и исклучителен.

Кралскиот протокол наложува на британската кралица сите да ѝ се обраќаат на одреден начин, посебно ако тоа го прави некој кој не е член на кралското семејство. Сепак, постоела една личност која ѝ се обраќала по име.

Кралскиот стручњак Ричард Фицвилијамс објаснува дека ретко некому кој се сретнува со кралицата Елизабета му е дозволено да ѝ се обраќа по име. Фицвилијамс открива дека човекот кому му било дозволено да ја вика Елизабета, е некој кому таа му се воодушевувала, а тоа бил Нелсон Мендела.

Според Зелја ла Гранж, личната систентка на господинот Мендела, односот меѓу него и кралицата се сметал за необичен и исклучителен, а таа тврди дека сето тоа било изненадувачко.

О, Елизабета, би рекол кога би ја поздравил и таа би одговорила, Здраво, Нелсоне. Мислам дека беше еден од ретките кои ѝ се обраќаа по име и тоа беше забавно“, вели Гранж.

Мендела и кралицата биле толку блиски што во текот на неговата посета на Велика Британија тој себеси си дозволил да рече: „Елизабета, малку сте ослабела!“, на што таа делувала видно задоволна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close