На Косово од ковид починаа 7 лица, заразени нови 337

Бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 688, откако минатото деноноќие починаа седуммина заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, по рекордните 514 заболени во петокот, во саботата се регистрирани нови 337 случаи, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата надмина 20 илјади и сега изнесува 20.179.

Вклучително вчерашните 91, вкупно досега болеста ја совладале 15.611 лица, така што активни случаи моментно во земјата се 3.880.

Вчера се извршени 1.318, а од почетокот на заразата вкупно 95.774 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Откако минатите денови беа забележани рекордни бројки на новозаразни од коронавирусот, од утре во Косово стапуваат во сила нови заострени мерки за заштите од ширењето на епидемијата.

Меѓу другото, се забранува работата на трговските центри и на угостителските објекти од 21 до 5 часот, се редуцира персоналот во јавните и приватните претпријатија, освен во безбедносните и здравствените институции, додека наставата на државните и приватните универзитети ќе се изведува исклучиво онлајн.

И покрај тоа, косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата и натаму е под контрола и дека во Косово има многу помалку заразени од коронавирусот во споредба со земјите од регионот и Европа.

Хоти преку неговата страница на Фејсбук порача дека Владата успева да се справи со заразата, но побара од граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките кои ги препорачуваат здравствените власти, со цел што полесно да се преброди новиот бран на пандемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот