На конституенцата во Скопје пристигнуваат тројца потпретседатели на СБ

Три потпретседатели на групацијата на Светската банка ќе присуствуваат на конституенцата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи на 21 и 22 јуни во Скопје.

Станува збор за потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светската банка, Анет Дискон, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Георгина Бејкер.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека не е вообичаено толку многу високи претставници на Светска банката да присуствуваат на конституенца и дека тоа е потврда за прогресот на реформите во јавните финансии, како и на добрата соработка на Владата со Светската банка.

Освен тројцата потпретседатели на Светската банка, ќе присуствува и директорот на ММФ за Европа, Пол Томпсен. На состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Групацијата на Светската банка и ММФ ќе присуствуваат и министри за финансии и гувернери на централни банки од земјите од конституенцата од Холандија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и од Црна Гора.

Организатори на конституенцата се Министерството за финансии и Народната банка. Средбите претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите членки разменуваат мислења за политиките и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот