НА КОЛИНДА И СЕ ЗАКАНУВААТ СО ТАЈНА СНИМКА – Се подготвува најголемата афера во политиката на Балканот

EPA-EFE/Malton Dibra

За претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, следува афера каква што Балканот досега не видел, пишува Index.hr.

Според овие информации, целата оваа работа започнала со интервју на Владимир Шекс, кој дал бомбастична изјава за претседателката Колинда, на која краток временски период и бил советник.

Тој во интервјуто зборува за компромитирачки материјали, поврзани со претседателката Колинда.

– Веќе неколку месеци излегуваат лажни вести во врска со компромитирачки материјали. Не знам дали постојат – вели Шекс во интервјуто.

На прашањето, кој би сакал да се објават таквите компромитирачки материјали, Шекс одговара:

– Оние кои таа ги шутна.

Под „шутнати“ Шекс веројатно мисли на контроверзната смена на Драган Лозанчиќ, шефот на агенцијата за разузнавање. За да најдеме одговор на клучното прашање, за какви комрпомитирачки материјали станува збор, треба да се вратиме назад во 2016-та кога Колинда го отпушти Лозанчиќ. Официјално тој е сменет поради повреда на законот и како што му е соопштено тој повеќе не ја ужива довербата на претседателот на Хрватска.

Причините хрватските медиуми ги лоцираат во фактот дека агенцијата за разузнавање го има прислушувано и следено Здравко Мамиќ, инаку еден од најголемите донатори на ХДЗ, и организатор на претседателската роденденска забава во 2015 година. Колинда најпрво со месеци избегнуваше да даде одговор за нејзината поврзаност со Мамиќ за конечно кратко да изјави дека тој побегнал во Босна и Херцеговина заради пресудата која му се заканува во Хрватска. Во таа прилика ја релативизираше својата врска со бегалецот Мамиќ иако признала дека „тој има организирано неколку заеднички вечери“.

Целиот текст прочитајте го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот