ФОТО | На која подобро ѝ стои? Ким Кардашијан и Јелена Спенџарска во сличен фустан

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Едната е наша, а другата е светски позната, но заедничка страна им е инфлуенсертвото. Двете дами се успешни во тоа што го работат, а притоа секојдневно им се зголемува бројот на следбеници.

Нашата позната водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина. Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание привлекува преку со објавите на социјалните мрежи.

Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 40 000 фанови. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фановите.

Нејзината последна објава го привлече нашето внимание. Водителката денес објави фотографија на која позира во впечатлив црн фустан. Изборот на Јелена беше многу сличен со модниот избор на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан за време на свадбената церемонија на Парис Хилтон.

Ким за церемонијата избра црн деколтиран фустан од дизајнерот Рик Овенс, кој го надополни со модни додатоци на Беленсијага. Ријалити-ѕвездата на својот инстаграм – профил објави серија фотографии како позира во прекрасниот моден избор.

Целиот текст и коментарите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Видео на денот