На кого му е гајле за Ник Кирјос?

Вербалните напади на Ник Кирјос кон Новак Ѓоковиќ не престануваат во последните неколку месеци, но се поголем број на тениски експерти сметаат дека најдобриот тенисер според АТП ранг листата не треба да размислува за Австралиецот.

– На кого му е гајле за Кирјос? Убеден сум дека Новак не посветува внимание на тоа што Кирјос гозборува. Таков би бил мојот став доколку сум на местото на Ѓоковиќ. Од друга страна, Новак Ѓоковиќ е прв на АТП ранг листата, постојано освојува турнири и е доминантен на терените. ВО таква ситуација не може сите да се согласуваат со тоа што го зборувате или правите, ниту пак ќе ве сакаат. Тоа е нормално, не само во тенисот туку и во спортот воопшто, Ѓоковиќ тоа го знае и убеден сум дека знае како да се носи со ваквите ситуации – вели легендарниот тенисер, Матс Виландер.

Според Швеѓанецот, токму Ѓоковиќ и Роже Федерер се главните фаворити за триумф на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, кој започнува на 1 јули.

– Навистина е тешко да се прогонозира кој ќе игра во финалето. Новак е прв фаворит, а покрај него е Федерер. На нив двајца им давам предност пред Рафа Надал, но ќе дознаеме повеќе по првите 2-3 кола – изјави Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот