На кого Александар Тарабунов вели: „Дај ми“? (ВИДЕО)

Фото: Промо

Александар Тарабунов – Тара не мирува. Пејачот повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“.

Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат со интересно лирик видео преку кое што е ставен акцент на текстот во песната кој што е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.

– Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе „Дај ми“, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што  е препознатлив за мене – откри пејачот.

„Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после извесен период пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов и на истиот можете да се претплатите.

Освен „Дај ми“ пред повеќе од еден месец Тара го промовираше видеото за темата „Нема крај“, а деновиве објави и интересен кавер.

Слушнете ја новата песна:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот