На Кипар потврдени вкупно 14 позитивни случаи на коронавирус

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис соопшти дека имал телефонски разговор со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи. Целта на разговорот била координација околу ситуацијата со корона вирусот на Кипар.

Во Кипар регистрирани 4 нови случаи заразени со корона вирус, објави денеска тамошното Министерството за здравство со што сега вкупниот број на заразени, изнесува 14.

Според официјалните податоци, тројца од потврдените случаи се вратиле од Грција, двајца од Италија, четворица од Велика Британија, еден од Германија, за две лица има потврда дека биле во контакт со заразени лица, а за двајца нема конкретни информации како се инфицирале со Ковид-19.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, преку неговиот „Твитер” профил, утрово соопшти дека имал телефонски разговор со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи и станало збор за ситуацијата со коронавирусот на Кипар и се договориле дополнително да се зајакне меѓусебното информирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот