На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Влезот на кинеските државјани преку руските граници е суспендиран до 20 февруари, за деловни, приватни, студиски и туристички патувања- рече Татјана Голикова, вицепремиер задолжена за здравство, пренесуваат руските новински агенции.

Русија објави дека им забранува на кинеските државјани да влегуваат на нејзина територија уште од четвртокот, тоа е нова драстична мерка за запирање на ширењето на епидемијата со  коронавирусот.

-Влезот на кинеските државјани преку руските граници е суспендиран до 20 февруари, за деловни, приватни, студиски и туристички патувања- рече Татјана Голикова, вицепремиер задолжена за здравство, пренесуваат руските новински агенции.

Одлуката е донесена заради „ширењето на епидемијата во Кина и затоа што кинеските државјани сè уште пристигнуваат на руска територија“, објасни Голикова, која ја предводи работната група одговорна за борба со коронавирусот.

Во Русија официјално нема повеќе пациенти заразени со коронавирус

Бројни Кинези престојуваат во Русија како туристи, студенти или работат таму и често ги користат руските аеродроми.

Руските власти презедоа строги мерки за да го спречат ширењето на епидемијата „Ковид-19“, која до денес зеде 1.900 животи во светот.

Москва нареди затворање на околу 4.250 километри на границата помеѓу Русија и Кина, прекинување на железничките врски и намалување на бројот на летови до кинеските дестинации.

Официјално во Русија веќе немаат пациенти со коронавирус, откако двајца кинески државјани минатата недела беа испуштени од болница. Руските лекари рекоа дека инфекцијата е блага и во двата случаи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот