На Кејти Пери ѝ се смачи бременоста: Орландо Блум сподели урнебесно видео од нејзиниот танц

Instagram

Пејачката Кејти Пери е во последната фаза од бременоста, а на нејзиниот инстаграм-профил се шегува на своја сметка. 35-годишната пејачка деновиве треба да ја роди својата прва ќерка и прави сè за да биде што поподготвена за породувањето.

На Инстаграм со фановите сподели фотографија на која лежи во фотелја по враќањето од продавница.

„Доста ми е“, напиша Кејти во опис на фотографијата и ги насмеа фановите.

Instagram

И нејзиниот партнер глумецот Орландо Блум сподели урнебесно видео. На видеото Кејти танцува покрај автомобилот, а во еден момент дури и симулира породилни болки.

Пред неколку недели пејачката искрено прозборе за мајчинството велејќи дека ментално се подготвува за сè што ја чека.

„Бев ужасната од идејата да бидам мајка пред две или три години. Мислев дека ни сама за себе не можам да се грижам, но многу работи се сменија оттогаш“, рече Пери за магазинот People.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот