На Ќафасан уапсени вооружен Полјак и Индиец во обид да влезат во Македонија

Ќафасан/ македонско – албанската граница/ Фото: МИА

Граничната полиција на преминот Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга, привела државјанин на Индија откако тој се обидел да ја напушти Албанија со фалсификуван пасош.

Приведен е и државјанин на Полска кај поседувал ловечка пушка без соодветна дозвола, кој исто така бил на излез од албанска на македонска територија.

-При проверка на документацијата на индискиот државјанин С. Е. (28), се потврди дека ова лице се претставил со фалсификувана патна исправа на име на на друг индиски државјанин. Исто така, при извршена контрола во возилото марка „тојота” на полскиот државјанин М. М.(52) била пронајдена ловечка пушка (пневматска) без соодветна дозвола, која е одземена како доказен материјал,соопшти албанската полиција.

Се додава дека процедуралните дејствија во врска со овие случаи биле спроведени од стручни лица за истрага на кривични дела во Полицискиот комесаријат Подградец, кои го извршиле апсењето во делот на кривично дело на државјанинот С. Е., како и покрената кривична постапка против граѓанинот М. М.кој ќе се брани од слобода.

Материјалите се доставени до Обвинителството на судскиот округ Поградец за понатамошно постапување.

Од полицијата посочуваат дека и понатаму продолжуваат со строга контрола со цел спречување, идентификување и сузбивање на незаконска активност во смисла на фалсификување и употреба на фалсификувани документи, нелегално преминување на граница или нелегално поседување оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот