На Јунајтед му пропаднаа два трансфери, нема намера да се расфрла со пари

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Управата на Манчестер јунајтед одлучи да не ги плати сумите кои ги бараат клубовите и започна во потрага по поевтини решенија.

„Црвените ѓаволи“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите и веднаш почнаа со плановите да ја засилат екипата, но се чини дека ќе останат без најавуваните трансфери.

Борусија Дортмунд вчера ја одби нивната понуда од 98 милиони евра за Џејдон Санчо и бараат уште 22 милиони за да го пуштат англискиот репрезентативец на „Олд трафорд“. Извршниот потпретседател Ед Вудворд според англиските медиуми го информирал менаџерот Оле Гунар Солсјкер дека нема да го добие Санчо бидејќи Борусија бара премногу пари и се сврте кон други решенија.

„Милионерите“ ја одбија новата понуда на Јунајтед, покуса е за 22 милиони евра

Високо на листата на желби е играчот на Валенсија, Феран Торес, но тој има преддоговор со градскиот ривал, а се споменуваат и имињата на Кингсли Коман од Баерн Минхен и играчот на Јувентус, Даглаш Коста.

Работите се искомпликуваа и околу трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила. Младиот фудбалер сака да се пресели на „Олд трафорд“ но проблем претставува сумата која ја бара Астон Вила. Тие сакаат Јунајтед да плати 90 милиони евра и немаат намера да ја спуштаат цената бидејќи опстанаа во Премиер лигата и немаат потреба да ги продаваат своите фудбалери.

За Манчестер јунајтед и таа сума е преголема и најверојатно вниманието и парите ќе ги насочат кон Рим. Вудворд подготвува понуда тешка 70 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред и најверојатно овој трансфер ќе се реализира во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот