На Јокиќ му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Хјустон 129-113, во последно одиграниот натпревар од НБА лигата. Јокиќ за 28 минути на паркетот постигна 32 поени и 12 скокови, а имаше и осум асистенции.

Со ефикасноста се истакна Кевин Дурент, кој постигна 45 поени во славјето на Бруклин над Орландо. Позингис во дуелот со Минесота уфрли 41 поен за рекорд на кариерата, и му помогна на Вашингтон да дојде до триумф над Минесота, и да ја прекине серијата од три порази.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Атланта 104:101
Вашингтон – Минесота 142:127
Бостон – Шарлот 140:105
Бруклин – Орландо 109:102
Торонто – Кливленд 100:88
Њу Орлеанс – Оклахома 105:101
Денвер – Хјустон 129:113
Јута – Чикаго 107:114
Сакременто – Феникс 117:122
ЛА Лејкерс – Индиjана 115:116

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот