На Јелена Розга ѝ се слошило, завршила во болница: Хрватската ѕвезда со години води битка со болеста

Instagram
Фото: Instagram

Не е тајна дека хрватската пејачка Јелена Розга со години води битка со сериозни здравствени проблеми кои главно ги држи под контрола, но пред неколку дена ѝ се слошило.

Розга со години има проблеми со тироидната жлезда. Поради тироидата пред неколку дена ѝ се слошило, па итно завршила на лекар.

Пејачката веќе почна да се подготвува за големиот концерт во Сплит кој го најави за 11 февруари 2023. Од претходниот концерт кој се одржа во нејзиниот роден град поминаа 12 години, па нема дилема дека ќе ѝ приреди бројни изненадувања публика и вистински спектакл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


Меѓутоа, деновиве таа е загрижена за своето здравје.

Минатиот понеделник бев многу среќна, бидејќи добро ја завршив работата во студиото. Дојдов дома, го прошетав кучето и ми се слоши. Отидов на лекар и се покажа дека тироидната жлезда лудува, па промена на терапијата… Одвреме-навреме имам проблеми со штитната жлезда, едноставно не ми дава мир“, изјавила Јелена за „Радио Далмација“.

Доктор Пунда, која со години е мој ендокринолог, прокоментира – жилава ти е  тироидната жлезда, не се дава, жилва е како тебе“, открила Јелена Розга, која признала дека најголема трема има кога пее во својот Сплит, пишува „Новости“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


Дека на здравствените проблеми им пристапува позитивно и со насмевка на лицето потврди и неодамна, кога рекла дека витата линија ѝ  ја должи на генетиката, медитеранската клима и проблемот со тироидната жлезда.

Јелена Розга за борбата со хипертироидизам: Како пејачката се справува со ова нарушување на тироидната жлезда?

Тешки денови за хрватската пејачка: На Јелена Розга ѝ дијагностицирале нарушување на срцето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот