На измамите им дојде крајот: Нема да има скриени трошоци во аранжманите за летувања

Уредбата треба да спречи злоупотреба во работењето на туристичките агенции, што значи дека патниците ќе бидат сигурни дека ќе ги добијат туристичките аранжмани за кои платиле.

Во Србија стапи во сила Правилникот за гаранција при патување, со кој им се забранува на туристичките агенции да рекламираат аранжмани по поволни цена, а потоа да наплатуваат разни дополнителни трошоци – од дополнителна доплата за авио-такси, трансфери, екскурзии, багаж – со што конечната цена на патувањето е двојно поголема. Овој правилник стапи на сила на 1 јануари во Србија.

Ова практично значи дека повеќе нема да може во понудата да стои „летувајте за само 150 евра“, а на крајот тоа летување да ве чини двојно повеќе.

Уредбата треба да спречи злоупотреба во работењето на туристичките агенции, што значи дека патниците ќе бидат сигурни дека ќе ги добијат туристичките аранжмани за кои платиле.

Иако многумина коментираа дека со новиот правилник цената на аранжманите ќе биде повисока, туристичките работници тврдат дека тоа ќе биде само привидно поскапување, затоа што единствената цена на патувањето значи дека сите оние такси и трошоци кои беа скриени досега, ќе мора да бидат внесени во цената.

Па така, веќе нема да биде можно да се продаде, на пример, авионски билет за 20 евра, доколку е потребно да издвоите многу повеќе заради авионски такси. Исто така, за патување до острови нема да може дополнителено да се наплатува доколку тоа не е вклучено во цената. Затоа на изглед аранжманите ќе бидат поскапи, а всушност туристите сето тоа веќе го плаќале.

Сега ќе им биде полесно на луѓето да прават пресметки за летните или зимски одмори, бидејќи уште на самиот почеток ќе знаат што плаќаат и колку, па ќе можат да си го испланираат буџетот.

Надвор од цената на аранжманот, ќе бидат само даноците на престој во земјите во кои ќе престојувате. Сепак, од агенциите се бара да ги известат патниците за висината на данокот на престојот во кој ќе отседнат.

Туристичките агенции се должни да ги усогласат своите активности со новите уредби во рок од 30 дена од денот на почеток на примената на Правилникот, односно до 31 јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот