На изглед незабележлив детал, а станува се поголем тренд: Модни инспирации без кои пролетта не може

Комбинацијата на облека може да биде сосем обична, а само еден детал може да биде доволен да ја направи несекојдневна и полн погодок. Секогаш е подобро кога сме оригинални и да се разликуваме, барем кога е облекувањето во прашање, зар не?

Во прв момент изгледа незабележлив, а всушност баш тој ја издвојува комбинацијата од  морето слични и ја прави целосно тренди облека. Еден од тие „мали, но моќни” детали е и предниот израз на дното на нозете на панталоните, што не останало незабележано на  модната писта, кај Викторија Бекам. Сè уште се работи за микро тренд, за кој светот се уште целосно не „полудел“, но трендсетерките го обожуваат веќе неколку месеци и го носат веќе неколку сезони.

 

Освен тоа, овој тренд е прилагодлив на различни модни стилови: минималистички, гламурен и елегантен, но и класичен стил за секој ден.

Панталоните со пресеци на долниот преден дел можат да послужат за најава на пролетта, но и да ја „зачинеме” гардеробата ако помалку и ни здосадила, а тоа да го направиме без многу труд и натрупување бесконечно многу нови парчиња во своите плакари.

Овие панталони можете да ги носете во комбинација со мокасини, но и класични салонки (со што визуелно ви се издолжуваат нозете), рамни сандали или пак sock-boots патики.

Сепак се надеваме дека, наскоро барем уште малку ќе се затопли, затоа што овие панталони не се за зимурливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот