На Ивановиќ и недостасува тенисот

Поранешната прва  тенисерка на ВТА ранг листата, Ана Ивановиќ во интервју за „Tenis verhaus“ вели дека често размислува за својата кариера која ја прекина на крајот од 2016 година.

– Би сакала да бидам на теренот и повторно да се натпреварувам.  Да се излезе на голем стадион како „Артур Еш“ во Њујорк и да се слушне сета таа поддршка и љубов од навивачите е неверојатно чувство. Навистина постојат моменти кога ми недостасува тенисот, но од друга страна сум среќна што сум дома и го поминувам времето со сопругот и двата сина. Убаво ми е што не патувам со авион толку често како некогаш – вели Ана Ивановиќ.

Поранешната тенисерка во 2016 година се омажи за поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер, и од бракот со него има два сина.

– Бастијан и јас би сакале нашата деца да имаат интерес за спортот, но нема да вршиме дополнителен притисок – објаснува една од најубавите тенисерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот