18 C
Скопје

На Интер му тргна по освојување на титулата, обезбеди 250 милиони евра за напад на ЛШ

Екипата на Интер изминатиот викенд ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А и по пауза од 11 години ја освои шампионската титула. Екипата предводена од Антонио Конте на клупата и Ромелу Лукаку на теренот доминираше во Серија А, имаше серија од 14 победи по ред и сосема заслужено дојде до титулата, која вкупно е 19. во историјата.

Претседателот и сопственик на клубот, Стивен Жанг не го криеше воодушевувањето од остварениот успех, а уште повеќе поради податокот дека обезбеди финансиска стабилност на Интер. Имено, Жанг успеал да се постигне договор со американскиот инвестициски фонд „Baine Oaktree“ кој ќе инвестира 250 милиони евра во Интер.
Со тие пари, Жанг ќе ги покрие дупките и ќе им овозможи на Конте и директорот Бепе Марота да имаат доволно средства за ангажирање на фудбалери со кои Интер ќе се обиде идната сезона да ја нападне и титулата во Лигата на шампионите.

Поврзани вести

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Ливерпул не се откажува од Лигата на шампионите

Слободен печат

Остави Коментар