На Интер му избега триумфот, прекрасен гол на Влаховиќ! (ВИДЕО)

Вечерва во последниот натпревар од неделната програма на 16. коло во најсилната италијанска фудбалска лига на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца екипата на Интер ремизираше 1:1 против Фиорентина.

Гостите стекнаа предност уште во осмата минута од средбата, хрватскиот интернационалец Брозовиќ во казнетиот простор на домаќините убаво го пронајде Шпанецот Валеро кој од непосредна близина стрелаше во мрежата на Драговски.

„Неро-аѕурите“ повторно се на врвот во Серија А, моментно се првопласирани со 39 бодови колку што има и второпласираниот Јувентус кој денеска со 3:1 славеше над Удинезе на нашиот Несторовски.

Прочитајте и...  За првпат после 15 години полуфинале во ЛШ без Роналдо и Меси!

Тимот на Конте беше блиску до славје, но тоа не го дозволија „виолетовите“ кои дојдоа до нерешен исход благодарение на Србинот Влаховиќ (90+2) со еден прекрасен погодок го „матираше“ Хандановиќ.

Претходно Рома на својот „Олимпико“ слеваше над Спал со 3:1, иако гостите после првото полувреме водеа од пенал кој го реализираше Петања.

Римската „волчица“ во вториот дел го комплетираше пресвртот, Пелегрини многу среќно успеа да дојде до израмнување во 53. минута. Во 66. минута Пероти беше прецизен од белата точка, а трите бода за домаќините ги потврди Ерменецот Мхитарјан на кој не му беше тешко од петерецот да шутира по додавањето на Флоренци.

Играчите на португалскиот тренер Фонсека веќе четврти меч по ред не знаат за пораз, моментно се на четвртото место со 32 бодови.

Прочитајте и...  Лион се плаши од судијата пред мечот со Сити!

Прочитај повеќе

Пол позиција за Вињалес на „Ред Бул ринг“

Слободен печат

Доминираат германските тренери во фудбалот: Клоп, Нагелсман, Флик, Тухел!

Слободен печат

Пораз на Вилијамс од 116 тенисерка на светот (ВИДЕО)

Слободен печат

За првпат после 15 години полуфинале во ЛШ без Роналдо и Меси!

Слободен печат

Чептегеи со нов светски рекорд на 5000 метри (ВИДЕО)

Слободен печат

Маратон во Охрид како дел од Македонскиот куп во далечинско пливање

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лион се плаши од судијата пред мечот со Сити!

Слободен печат

Дебакл на Хјустон пред НБА плеј-офот! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најдобриот стрелец во македонската лига со трансфер во Турција

Слободен печат

Пике: Доколку ни треба „свежа крв“, јас ќе бидам првиот што ќе си оди!

Слободен печат

Вардар и Еурофарм Пелистер убедливи пред финалната битка за трофејот!

Слободен печат

„Ауфидерзен“ Барса: Гол-машината Баерн броеше до ОСУМ! (ВИДЕО)

Слободен печат