На Инстаграм можат да се пријавуваат лажните вести – Слободен печат
МагазинТехнологија

На Инстаграм можат да се пријавуваат лажните вести

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Инстаграм задолжен за тоа.

Инстаграм воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно” или „лажно”, коешто се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Инстаграм задолжен за тоа.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови, на пример, ќе биде минимализирано.

Инстаграм е бесплатна платформа за споделување слики и видеоснимки која што нуди опции за нивно уредување и споделување на други социјални мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close