На инфективните оддели има 1 740 пациенти со ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 81

Коронавирус во Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вкупно 1 740 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 260 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 81 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1042 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало 16 примени пациенти и шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени тројца болни, а 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има седум позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 136, во ковид – центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35, во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот