На инфективните оддели има 1687 пациенти со ковид-19, во Скопје за 24 часа 68 хоспитализирани

EPA-EFE
Медицински лица во Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI

Вкупно 1687 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за Кoвид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало 23 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени тројца нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени пет пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 48 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 138 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 123 во ковид – центарот во Гостивар 46, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 98 пациенти, во Кочани 28, во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот