9 C
Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 442 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29  болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прочитајте и...  Оштетени штедачи: Правото е на наша страна, правдата на крајот ќе победи

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

МЗ: Пациентот кој почина и имаше 25 години имал хронично заболување и се лекувал во „Систина“

Слободен печат

ВИДЕО | Ракетен напад на аеродромот во Ирак: Експлозија во близина на американската база

Слободен печат

Министерство за економија ќе побара Владата да ја раскине концесијата за песок во Долно Коњари

Југослава Дуковска

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

СП.

Николовски: Објавен оглас за вработување на десет лица кои ќе го засилат тимот за борба против корупцијата

Слободен печат

Бектеши: Владата историски ја зголеми минималната плата

Слободен печат

Остави Коментар