17 C
Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 423 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 423 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прочитајте и...  Државните секретари во МВР на С Македонија и на Словенија, на средба со Спасовски

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

„Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Слободен печат

Мицкоски – Браун: Од големо значење е силната поддршка од „Конрад Аденауер” и ЦДУ

Слободен печат

Намалување на бројот на заразени со ковид-19, но смртноста е поголема за 6 проценти во однос на минатата недела

Слободен печат

Денеска се регистрирани 1 129 нови случаи на ковид-19, а починати се 27 лица

Слободен печат

Остави Коментар