9 C
Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прочитајте и...  СЗО: Бројот на заразени во последните 24 часа се зголеми за повеќе од 567.000

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку,  Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

ВИДЕО | Ракетен напад на аеродромот во Ирак: Експлозија во близина на американската база

Слободен печат

Министерство за економија ќе побара Владата да ја раскине концесијата за песок во Долно Коњари

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

СП.

Николовски: Објавен оглас за вработување на десет лица кои ќе го засилат тимот за борба против корупцијата

Слободен печат

Бектеши: Владата историски ја зголеми минималната плата

Слободен печат

ВИДЕО: Бајден: Го испративме Бин Ладен до вратите на пеколот, време е нашите трупи да се вратат дома

Слободен печат

Остави Коментар