На инфективните одделенија и во болниците ширум земјава се лекуваат 586 лица позитивни и суспектни на ковид-19

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, со тоа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 33  пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15 во Кичево пет, Кавадарци 16, а во Гевгелија шест лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

-Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството за здравство и додаваат дека доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот