НА ХРВАТСКА И ПРОПАДНА СЕЗОНАТА: ХТЗ ги откри бројките, островите се празни

Хрватскиот туризам доживеа значителен пад во првата половина од годината, пишува Index.hr.

Според овој хрватски портал во својот истражувачки текст, се помалку туристи има на Брач, Корчула и Вис.

Според Index.hr, Хрватскиот туристички заедница не сака да ги соопшти вкупните податоци за јуни се до следниот вторник.

Иако раководителите во туристичкиот сектор за лоши бројки во мај може да го обвинат лошото време, за јуни тоа дефинитивно не можеше да биде оправдано. Имено, според Index.hr, јуни беше исклучително топло.

Во текот на јуни во областа на Супетар на Брач, имало дури 13 отсто помалку гости од минатата година, додека во првата половина од годината исто така е забележан пад, кој изнесува 12 отсто помалку отколку во првата половина од 2018 година.

Во јуни оваа година во Супетар беа регистрирани 11.526 пристигнувања на туристите (13 отсто помалку отколку во 2018 година), а притоа се реализирани 77.142 ноќевања, што е за 8,5 отсто помалку од минатата година.

Во првите шест месеци од оваа година во Супетар имаше 23.555 пристигнувања на туристи (12% помалку) и 140.083 ноќевања (11% помалку).

– Пред нас е шпицот на туристичката сезона, за која се надеваме дека и понатаму ќе биде подобра од годинешната предсезона – за Index.hr, вели директорот на Туристички одбор на Супетар, Иван Цитаниќ.

Хана Турудиќ, директор на ТЗ Корчула, вели за Index.hr дека е почувствуван пад во ноќевањата во текот на јуни и на ниво на првите шест месеци.

Така, во градот Корчула и населбите Чара, Жрново, Пупнат и Рачипче бројот на туристи е на исто ниво како и минатата година, но има шест отсто помалку ноќевања, отколку во јуни 2018 година, соодветно.

Иво Фиаменго, директор на ТЗ Вис, вели дека почувствувале пад и во јуни и во првата половина од годината, најмногу поради значително помалиот број на пристигнувањата на гости од Велика Британија и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот