На христијаните од Газа им е забрането да го посетат Ерусалим за Божик

На христијаните во Појасот Газа оваа година нема да им биде дозволено да ги посетат Витлеем и Ерусалим по повод Божик, соопштија денеска израелските власти.

Воената портпаролка појасни дека врз основа на „безбедносни наредби”, христијанските жители во Газа ќе можат да патуваат во странство и преку израелскиот граничен премин со Јордан, но нема да можат да ги посетуваат светите места во Израел и Западниот брег.

Во Газа, која има околу два милиони жители, живеат околу 1000 христијани, главно православни.

Израелската организација за човекови права Гиша оцени дека забраната покажува како се зајакнуваат ограничувањата за пристап меѓу двата дела на палестинската територија и оти тоа ја продлабочува израелската политика на одвојување на Појасот Газа и Западниот брег меѓу кои е Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот