На Хамес поважни му се веѓите и косата од фудбалот

Иднината на Хамес Родригез во Реал Мадрид сè уште е под знак прашалник, иако летово се врати по двегодишната позајмица во Баерн Минхен, кој не сакаше да го откупи договорот.
Колумбиецот блесна на Светското првенство во Бразил 2014 година по што направи трансфер во Реал Мадрид и тогаш сите експерти му предвидуваа блескава иднина. Но, Хамес не успеа да се наметне во „кралскиот“ клуб иако според талентот, тој е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Поранешниот доктор на колумбиската репрезнтација, Ектор Фабио Круз верува дека Родригез е самиот виновен за своите проблеми.

– Големите екипи како Реал Мадрид очекуваат професионализам и максимално подготвени фудбалери, но ова момче има лоша глава. Хамес воопшто не е фокусиран на тоа што се очекува од него. Наместо да работи и да се подготвува за новата сезона, тој за време на подготовки отиде да ги поправи своите веѓи и да ја среди косата – вели Круз.

Докторот во минатото предупредувал на однесувањето и залагањето на Хамес Родригез.
– Играч кој со месеци е закован на клупата за резерви, ќе се шета од клуб во клуб. Доколку беше посериозен немаше да биде во проблеми. Кристијано Роналдо има само една недела годишен одмор. Замина на јахта со семејството, но веќе наредната недела дури 15 луѓе почнаа да го подготвуваат за новата сезона. Хамес од СП 2014 година си замина повреден, изнајми приватен авион и отиде да ужива на плажа. Тоа не го прават вистински професионалци – додава Круз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот