На груб начин сакаше „селфи“, Роналдо се изнервира! (ВИДЕО)

фото:твитер

Победата е остварена со резултат 2:0, а головите ги постигаа Кристијано Роналдо во 75. минута, и Гонзало Игуаин кој постигна гол во судиското надополнување.

Еден интересен и чуден момент се случи после завршувањето на натпреварот, а кој го налути Роналдо.

Додека се поздравуваше со своите и противничките играчи, еден навивач влета на теренот, со цел да направи едно „селфи“ со Португалецот.

И во минатото имало случни ситуации каде што навивачите веднаш по дуелот трчаат до португалската ѕвезда за да се сликаат со него, да дојдат до неговиот дрес, но овој фан немаше среќа.

Влета на теренот, сето тоа испадна како „напад“ врз Роналдо кој го фати за врат веднаш да ја направи сликата.

Португалецот бурно реагираше, крајно незадоволен од грубиот начин за „селфи“, не прифати, сакаше и дури да го удри навивачот кој веќе беше фатен од редарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот