На грчките острови најмногу заразени од ковид, врие на Миконос, Милос и Санторини

Плажа во Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос и Милос во изминатата седмица надмина 50 отсто, а во цела Грција е над 12 проенти, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, за стапката на позитивност во периодот од 20 до 26 јуни 2022 година, на Миконос 53,53 отсто од направените тестови биле позитивни, на Милос 52,45 проценти, а на Санторини 39,51 отсто.

Според стапката на позитивност, следат островите Итаки, Парос, Карпатос, Крф, Кос и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со над 20 отсто.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 12,7 проценти, од вкупно 715.666 лабораториски тестови (ПЦР и рапд).

Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.661.004 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 168.440 реинфекции што е 4.4 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.218 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот