На грбот му се појавила дамка: Умрел два дена откако се избањал во морето

Вилијам Бенет (66) од Мемфис бил на одмор со своето семејство на Флорида. Неговиот имунитет бил ослабен, бидејќи со години се борел со канцер, но неговата ќерка вели дека често пливал во морето и дека тоа никогаш не му наштетило.

Таа, исто така вели дека нејзиниот татко немал отворени рани. И тој ден, по капењето, се чувствувал добро. Но, 12 часа подоцна започнале проблемите.

Бенет се разбуди во текот на ноќта. Имал треска, грчеви и грозница. Бидејќи тој и неговата сопруга морале да се вратат во Мемфис, Вилијам не отишол веднаш на лекар, пишува Билд.

Додека се враќал дома, почнале многу да го болат нозете. Вечерта, околу 20 часот, приближно 28 часа по пливањето во океанот, Бенет стигнал во болницата.

Докторите нашле голема дамка на неговиот грб. Имал дамки и на други делови од телото и трпел силни болки. Неговата сопруга им кажала на лекарите дека Вилијам се капел во морето и дека е можно да се заразил со бактерија која јаде човечко месо, но докторите погрешно ги процениле симптомите.
Вилијам умрел 48 часа по капењето.

„На секоја плажа, во секој национален парк, во секој град и залив мора да има натписи дека поради опасни бактерии луѓето со отворени рани и со ослабен имунитет не смеат да влегуваат во водата“, напишала ќерката на Бенет на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот