На границата меѓу САД и Мексико дневно се апсат околу 1.400 лица

Фото: МИА

Апсењата на американската граница со Мексико или во нејзината близина во септември се намалиле на најниско можно ниво, но во последната една година нараснале за 88 отсто, што значи дека илегалната миграција и натаму претставува криза, ијзавија денеска американски официјални претставници.

Бројот на апсења и лица спречени да ја минат границата во септември се намалил на 52.546, што е речиси двојно помалку отколку во пикот забележен во мај, кога беа регистрирани 144.116 апсења, но се уште е за четири отсто повисок отколку во септември 2018 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп построгиот пристап кон имиграцијата го стави во центарот на работата во својот прв мандат и во кампањата за изборите во 2020 година.

Речиси половината од сите притворени во септември биле деца или семејства, повеќето жртви на трговија со луѓе, рече Роберт Перез, заменик повереник на американската царина и заштита на границата.

-Тие профитираат врз грбот на ранливата популација и заради тоа оваа појава се уште претставува криза- рече Перез на прес конференција пред граничната полицијаа на САД, на граничниот премин во Ел Пасо.

Првиот човек на американската гранична полиција и царина Марк Морген изјави дека имало „драматични чекори” благодарение на промената на политката од Трамп и соработката со Мексико, но додаде и дека се уште премногу луѓе ја минуваат границата илегално.

 -Се случува дневно да има и околу 1.400 апсења. Тоа се уште е на ниво на криза- рече Мореген.

„Од вкупно 1,15 милиона апсења во една фискална година ширум земјата, најмногу од нив, точно 977.509, се регситрирани на јужната граница”, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот