На граница на лудилото: Чудниот живот на „последниот волшебник“ Исак Њутн

Фото: Profimedia

Исак Њутн се смета за еден од најголемите научници кои некогаш живееле. Но во свое време, тој бил познат по многу работи, вклучувајќи го и бизарното однесување.

Прочитајте ги десетте фасцинантни факти за брилијантниот Исак Њутн.

1.Њутн бил голем грешник

Барем така се смета. Кога имал 19 години, направил список од 48 гревови што ги направил.

2.Намерно си забодел игла во окото

Фото: Profimedia

Во времето на Њутн многу малку се знаело за својствата на светлината. Всушност, луѓето не знеле дали окото произведува светлина или ја собира. Џејмс Глејк, автор на биографијата за Исак Њутн, спомнува еден фасцинантен детаљ. Њутн тргнал во детално истражување на оптиката и самиот себеси си бил заморче. Во еден момент забодел игла во своето око, за да ја развие теоријата за влијанието на светлината на човековиот вид. За тоа, во својот дневник пишувал и самиот Њутн.

3.Доживеал два нервни слома

Се верува дека Њутн доживеал два нервни слома. Њутн објаснувал дека тоа му се случило поради недостаток од сон, иако историчарите нудат сосема други причини: можно труење со хемиски супстанции од експериментите што ги извршувал, како и акумулираниот ефект од хроничната депресија од која што страдал.

4. Се родил предвреме, неговите родители биле необразовани

Њутн се родил три месеци пред терминот, и бил толку мал што буквално можел да се стави во поголема шолја. Неговиот татко, кој се викал исто така Исак Њутн, бил неписмен, а мајка му едвај можела да чита. Отишол на Универзитет само благодарение на тоа што неговата мајка се премажила, па имала повеќе пари.

5. Работел како келнер

Како студент на Кембриџ, Њутн морал да работи како келнер. Бил еден од студентите кои примаат финансиска помош за студирање, а за возврат работат некоја физичка работа. Освен што бил келнер, Њутн ги чистел собите на другите студенти.

Фото: Profimedia

6.Бил осамен

Многумина шпекулираат дека Њутн страдал од ментално заболување (можеби дури и биполарно пореметување) или дури и аутизам. Ова тешко може да се провери, но една работа е јасна – Њутн бил хронично осамен.

7. Ја избегнал Големата чума

Кога избила Големата чума во Кембриџ во 1665 година, Њутн и неговите колеги биле пратени дома да ја избегнат епидемијата. Во тој период Њутн го измислил примитивниот калкулатор.

8. Практикувал алхемија

Иако е славен како сериозен научник, Њутн имал придонес и во алхемијата, чија цел била претворање на металот во злато. Затоа и го нарекуваат „последниот волшебник“.

9. Исак Њутн и јаболкото

Фото: Profimedia

„Повеќето луѓе мислат дека јаболкото му паднало на глава, но тоа веројатно не е вистина. Тоа што е вистина е дека Њутн сфатил дека некоја невидлива сила го предизвикала паѓањето на јаболкото, но исто така влијаела и на движењето на Месечината“, вели Глејк. Визуелизацијата на гравитацијата му помогнала да ги конципира физичките закони со кои се прославил.

10. Никогаш не се оженил

Њутн никогаш не се женел и иако е невозможно да се провери оваа информација, се верува дека никогаш немал секс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот