На ГП Табановце поминале над 3.500 патници од полноќ, а на ГП Јажинце околу 1.500

ГП Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од полноќ до 15.30 часот денеска на граничниот премин Табановце во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски. Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

Значително зголемување на фреквенција на луѓе се бележи и на граничниот премин Јажинце откако има можност да се поминуваат границите помеѓу Македонија и Косово без ПЦР-тест за коронавирус, информираат од тамошната полициска станица за гранички проверки. Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1500 лица.

-Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

Владата синоќа ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР-тест, не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР-тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, соопштија дека во наредните деновите ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР-тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот