На ГП „Долно Блаце“ уапсено лице барано од Интерпол

На Граничниот премин „Долно Блаце“ е лишено лице кое било барано со потерница од Интерпол, информира МВР.

-На 10.11.2019 во 11.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Ф.К.(44) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол- наведува во дневниот билтен МВР.

Ф.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот