На годишнината од терористичките напади на 11. септември САД воведува санкции за терористички групи

Фото: Профимедиа

САД соопштија во пресрет на 18-годишнината од нападите од 11 септeмври дека воведуваат санкции за голем број групи што ги сметаат за терористички и нивни приврзаници, вклучително и палестинската група Хамас и Иранската револуционерна гарда.

„На удар на санкции се 15 лидери, поединци и субјекти поврзани со групи како што се Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и Иранската револуционерна гарда”, се вели во изјавата на секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

Мнучин истакнува дека извршната наредба на Трамп за борба против тероризмот ги засилува американските овластувања кога цел се санкции за финансирање терористички групи и нивни водачи.

Санкциите предвидуваат дека средствата на засегнатите во САД ќе бидат блокирани, а на американските граѓани ќе им биде забрането да имаат бизниси со тие лица. з

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот