На германскиот спорт му се потребни милијарда евра за да преживее

фото: твитер

Олимпискиот комитет на Германија (ДОСБ) објави дека нивното истражување за штетата предизвикана од пандемијата на коронавирусот покажало дека се потребни милијарда евра за да преживее германскиот спорт.

Претседателот на ДОСБ, Алфонс Хорман во излагањето пред спортската комисија во германскиот парламент нагласи дека на 90.000 клубови им се потребни најмалку 12.000 за да ја преживеа кризата предизвиканата од пандемијата на коронавирусот.

Истовремено, на гермнаските спортски федерации им се потребни околу 235 милиони евра дополнителна помош за да ги покријат загубите поради откажаните натпревари и спортски настани.

– На германските спортски екипи им се потребни околу милијарда евра помош за да преживеат – изјави Хорман.

На помош од државата моментно сметаат и 255 екипи од првата и втората лига во ракомет, кошарка, хокеј и одбојка.

– Доколку државата не го поддржи професионалниот спорт и лигите, сите овие натпреварувања повеќе нема да постојат во овој облик кој што го знаеме
– изјави Франк Штофел, од спортската комисија на германскиот парламент.

Од главните спортски натпреварувања во Германија, досега само фудбалот се врати, додека останатите спортови или ги одложија или во целост ги откажаа своите национални првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот