На Германија може да ѝ се случи италијанското сценарио: Можно е да не бидат доволни болничките капацитети

ФОТО: EPA / MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

„Состојбата како во Италија е можна и во Германија“, нагласи Вилер, наведувајќи дека не може да се исклучи можноста дека ќе има повеќе пациенти отколку што има респиратори.

Претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер, смета дека е можно германските болници, поради ширењето на корнавирусот, да дојдат до границите на своите капацитети.

Вилер, во интервју за „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“, рече дека мора да се води сметка зошто тие капацитети не се доволни.

Во врска со ниската стапка на смртност во Германија, тој рече дека тоа е пред сѐ поради фактот дека во Германија се прават голем број тестови, но и предупреди дека и тоа може да биде илузија.


„Состојбата како во Италија е можна и во Германија“, нагласи Вилер, наведувајќи дека не може да се исклучи можноста дека ќе има повеќе пациенти отколку што има респиратори.

Тоа што пандемијата во Германија, споредена со меѓународната, е релативно поблага, се смета дека е поради популацијата на оние кои се заболени.

„Најпрво во Германија од вирусот беа погодени лица кои не спаѓаат во ризичните групи, зошто многу во ланецот на пренесувањето на вирусот биле, на пример, на скијање. Ако дојде до пренесување во домовите за стари  лица и во болниците, се заканува опасност дека уделот на различни групи ќе се зголеми“, нагласи Вилер.

Размислувањата за брзо враќање во нормалата, Вилер ги смета за погрешен пат за излез од кризата.

„Од медицински агол сакам што подолго да го издржиме просторното дистанцирање“, рече тој, додавајќи дека Германија е уште на почетокот на бранот и дека пандемијата мора сериозно да се сфати.

Во Германија моментално има над 55.000 лица инфицирани од коронавирус, а овој вирус однесе над 400 животи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот