На францускиот фудбал му се заканува колапс, пред откажување договорот тежок 814 милиони евра за ТВ правата

epa08667288 Paris Saint-Germain's Layvin Kurzawa (R) scuffles with Olympique Marseille's Jordan Amavi (C) during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Olympique Marseille at the Parc des Princes stadium in Pa?ris, France, 13 September 2020. EPA-EFE/Julien de Rosa

Компанијата Медиапро со која Лига 1 има договор до 2024 година не ја уплати ратата за овјо месец од 172 милиони евра и бара сумата да се ревидира со што не се согласуваат челниците на лигата и екипите.

Кризата предизвиката од пандемијата на коронавирусот, полека но сигурно им почнува да создава големи проблеми и во фудбалот.

Француската Лига 1 е прва од најголемите европски лиги кои се соочува со проблеми, односно носителот на ТВ правата, компанијата Медиапро кој има договор до 2024 година кој е тежок 814 милиони евра сака да се промени договорот.

Медиапро се уште ја нема уплатено ратата од 172 милиони евра, а која требаше да ја изврши со петти октомври со што е доведено во прашање функционирањето на Лигата но и егзистенцијата на екипите. Поради тоа челниците на Лигата се одлучија на радикален чекор – ќе позајмат бари од банка.

Станува збор за сума од 120 милиони евра со кои треба да се изгаси пожарот се додека не се реши спорот со Медиапро кој пак е цврст во своите барања да се ревидира договорот и сумата.

Првиот човек на Медиапро, Жом Роур во едно од последните интервјуа изјави дека нивниот интерес не е да се прекине договорот со Лига 1 но тој мора да се преиспита, односно да се намали сумата поради тешката економска ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Овие негови зборови предизвикуваа бура во фрамцускиот фудбал бидејќи екипите и челниците на лигата не сакаат да слушнат за ревидирање на договорот.

Според медиумите со ваквиот развој на настаните, директно загрозен е францускиот фудбал бидејќи екипите останаа без потребните финансиски средства за да преживеат во овие тешки времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот