На Фејсбук си ги продава силиконите: Добро сочувани, плаќате само инсталација

Facebook

За 200 долари Тами Нишел Хаф од Сан Антонио во Тексас ги продава своите силикони на Фејсбук.

Таа напишала дека нејзините импланти „малку поминале“ и поставила оглас за продажба на Фејсбук.
Додала дека вештачките гради се величина Д и дека сака да се ослободи од нив зашто купила нов пар. Би ги продала заедно, но и поединечно, по цена од 200 долара за пар или 100 долари за парче.

„Имаат малку поминато, ќе мора да платите само за инсталација. Барам 200 долари за пар или 100 за парче. Доаѓаат од чиста куќа. Непушачи“, додала.

„Е, сега сè видов“, го прокоментирал еден маж овој оглас на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот