На ЕУРО досега се пласираа 16 репрезентации, нашата шанса е „Лигата на нации“!

фото:ффм

Денеска, во понеделник и вторник ќе се игра и последното коло од квалификациите, а досега пласман на ЕУРО обезбедија 16 селекции.

За титулата шампион на Стариот континент сигурно ќе се борат: Австрија, Белгија, Чешка, Англија, Финска, Франција, Хрватска, Италија, Холандија, Германија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Во квалификациската група „Б“, борбата се води за второто место, на табелата Португалија има 14, а Србија 13 бодови.

Потоа, во квалификациската група „Д“ никој сеуште не обезбедил учество на ЕП, Данска е првопласирана со 15 бодови, пред Швајцарија (14) и Република Ирска (12).

И во квалификациската група „Е“ се води битка за втората позиција каде што моментно е Унгарија (12), следуваат Велс (11) и Словачка (10).

На ЕП ќе настапат 24 репрезентации, од нив 20 ќе обезбедат настап преку квалификациите, а преостанатите четири ќе ги дознаеме преку бараж.

Македонија не успеа преку квалификациите, но затоа има уште една „подобра“ шанса преку „Лигата на нации“ да обезбеди историски настап на континенталниот собир.

Како што досега се најавуваше наш ривал во полуфиналето од плеј-офот ќе биде Косово и тој меч ќе го играме како домаќини на 26 март 2020 година, а во второто полуфинале истиот ден силите ќе ги одмерат Грузија и Белорусија, сите четири кои беа најдобри во Лигата „Д“ од првата сезона во новото УЕФА натпреварување.

Победниците од тие пресметки на 31 март 2020 година ќе играат во финалето, а каде ќе играат тоа според најавите ќе биде познато со ждрепка во седиштето на УЕФА на 22 ноември 2019 год.

Ждрепката, пак, за извлекување на групите на наредното ЕП ќе се одржи на 30 ноември 2019 во Букурешт (Романија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот