На „Енфилд“ го чекаат денот: Кога Ливерпул може да ја освои титулата?

фото: фејсбук

Редси оваа натпреварувачка сезона 2019/2020 се наоѓа многу блиску да ја освои долго посакуваната титула во Премиер лигата.

Ливерпул после 25 одиграни натпревари се наоѓа на врвот на табелата (без ниту еден пораз) со дури 22 бодови предност пред второпласираниот Манчестер сити.

Веќе се прават математиките кога и теоретски ќе можат на „Енфилд“ да ја прослават шампионската титула.

Сите фанови на Ливерпул го чекаат тој ден, а моменталната ситуација вели дека на играчите на Јирген Клоп им се потребни шест победи во последните 13 средби (или 18 бодови вкупно) да го потврдат првото место на табелата.

И покрај големата предност над Сити, не постои ниту еден математички начин да биде обезбедена титулата овој месец, поради тоа што „граѓаните“ ќе одиграат само два лигашки мечеви.

Се поставува прашањето кога најрано можат Редси да ја освојат титулата, а теоретски тоа може да се случи на 7 март кога на распоредот е дуелот против Борнмут.

Во тој случај ќе се чека на уште некој нов кикс на Сити, додека Ливерпул да слават на сите дотогашни натпревари.

Ливерпул сигурно ја освојува титулата во случај на шест победи во наредните шест мечеви. Шестиот меч од овој момент ќе го имаат на „Енфилд“ на 21 март, а противник е Кристал Палас.

Како до титула против Евертон?

– Интересно, многу навивачи на сакаат титулата да ја освојат во меч против градскиот ривал Евертон, и тоа на „Гудисон парк“.

Повторно, за такво сценарио е потребно Ливерпул да ги добие сите мечеви до 16 март, а Сити да загуби еден меч помеѓу сега и 14. март.

premierleague.com

Која екипа најрано ја има освоено Премиер лигата?

– Манчестер јунајтед е сопственик на овој рекорд. Во сезоната 2000/2001 фудбалерите на тогашниот менаџер Сер Алекс Фергусон на 14 април го потврдија првото место.

Најбрзо освоена Премиер лига според бројот на преостанатите натпревари, а не по датумот е исто така во сопствеништво на Манчестер јунајтед, од истата сезона, и нивниот градски ривал Манчестер сити од сезоната 2017/2018. Двете екипи ги обезбедија титулите на пет мечеви пред крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот