На две недели до изборите во САД: Трамп во офанзива, Бајден во убедливо водство во анкетите

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Двајцата кандидати во претседателската трка во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, ги интенизивираа кампањитe со митинзи и настапи во пресерт на изборите на 3 ноември. На вчерашните настапи во Невада, Трамп го нападна Бајден со прогноза за „голема депресија” во случај на негова победа.  

– Гласањето ќе биде избор меѓу супер оздравување на земјата и депресија на Бајден, изјави Трамп во Лас Вегас

Тој, исто така, ги оцени претстојното соочување со народот како избор „меѓу сигурни граници и отсусто на граници“, „поддршка за полицијата и стопирање на финансиите за неа“, „меѓу добивање на вакцина во рекордно време за победа над вирусот и затворање на Америка од Бајден за убиство на економијата”.  

Трамп, исто така, истакна дека во случај на победа на неговиот ривал, ќе дојде до покачување на даноците и го опиша Бајден како „најдосадниот човек на светот”. Актуалниот претседател викендот одржа митинзи и во Мичиген, во Висконсин и во Калифорнија, на големи собири на отворено, претежно на аеродромски писти, но медиумите прикажуваа слики на толпи луѓе без маски. 

Бајден, пак, во саботата беше до домот во неговиот роден Делавер и направи пауза, во неделата беше во црква, а потоа замина на митинг само во Северна Каролина.  

Сепак, и покрај активната кампања и обидите да придобие гласови во руралните подрачја на САД , Трамп во анкетите е зад Бајден.  

Анкета на „Си-Би-Ес“ укажува дека Бајден води во две клучни држави, во Висконсин со седум проценти и резултат 51 отсто наспроти 41 отсто, држава во која победи во 2016 година. Тој, исто така, води и во традиционално републиканската Аризона (50:47), каде последниот демократ кој таму победил бил Бил Клинтон во 1996 година

Во меѓувреме, продолжува и предвременото гласање. До вчера, над 27 милиони Американци гласале лично или по пошта, што е рекорд во историјата на САД, покажувајќи колку пандемијата го смени политичкиот пејзаж на земјата и колку избирачите се политички наелектризирани.  

Следната дебата меѓу Трамп и Бајден е најавена за в четврток и многумина предупредуваат дека однесувањето на кандидатите на оваа, трета и последна дебата, пред сѐ на актуелниот претседател, ќе придонесе многу во конечниот резултат на изборите.  

Порталот „Аксиос“ дозна дека дебатните советници на Трамп му препорачале да не врши такви упади и прекини во говорот на Бајден како на првата дебата и да го остави да зборува

– Не го спасувај. На Бајден ќе му залута мислата, самиот ќе се препне и ќе започне да мрмори, го советувале Трамп, пренесе „Аксиос“

Се додава дека советнците му рекле на Трамп „сѐ што треба да направиш е да им дадеш дозвола на луѓето да гласаат за тебе”, како на дебатата со неговата противкандидатка, Хилари Клинтон, во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот